ЈСП: Продолжување на трасата на линијата 50 во Хиподром

пред 3 години

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја информира јавноста дека од утре, вторник (26 октомври), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од автобусите ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.

„Всушност, автобусите на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата. Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со * во делот на возен ред на линија 50“, се наведува во соопштението.