Дејв Халс, човекот кој му бил асистент на режисерот Џоел Соуза, кој беше ранет за време на снимањето на филмот „Рѓа“, минатата година бил отпуштен од работа за сличен инцидент.
За време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико Алек Болдвин случајно го рани Соуза со пиштол реквизит, а ја застрела и снимателката Халина Хачинс, која и подлегна на повредите.
Сега медиумите открија дека Дејв заработил отказ за сличен инцидент кој се случил за време на снимањето на филмот „Патот до слободата“ кој го снимале во 2019 година. Во тој инцидент исто така еден од членовите на тимот бил случајно погоден со куршум.
За среќа мажот бил пренсен во болница и брзо се опоравил и се вратил на снимањето. Тоаш од продукцијата го посочиле Дејв за одговорен, па набрзо потоа тој заработил отказ.
„Го отпуштивме брзо по инцидентот. Снимањето го продолживме сè до моментот кога тој го напушти сетот. Го пријавивме инцидентот и поднесовме извештај“, објаснија од продукциската компанија за медиумите и додале дека Дејв бил тажен поради инцидентот.
„Тој разбираше и знаеше зошто е отпуштен. Беше ангажиран нов асистент на режисерот и снимањето на крајот завршил успешно“, додадоа од продукцијата.
За потсетување, глумецот Алек Болдвин за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико ја застрела снимателката Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Соуза.