Mитева: Шилегов да одговори дали Нова година чинела 300.000 евра

пред 3 години

Петре Шилегов повторно крие колку пари потроши за организација на Нова Година, обвини на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Како што рече, според договорите и документите, организацијата чинела речиси 300 илјади евра, од кои од буџетот 200.000 евра, а наводно според спонзорства уште 100.000 евра.

„Шилегов мора да одговори, што е точно, дека прославата чинела нула денари, или дека чинела 80 илјади евра, или сепак сето чинела 300илјади евра? Тоа се пари од граѓаните, наши пари и Шилегов мора конечно да одговори: Што сокрива Шилегов во врска со оваа прослава? Шилегов мора да одговори и зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека фирмата ДВД ПЕТ дека била фаворизирана, а таа е истата фирма со која што Петре Шилегов има договори преку Универзалната сала, којашто инаку не работи пет години, и преку МКЦ, двете ЈП под Шилегов? Зошто организацијата е дадена на ЈП коешто нема свое озвучување, кое бара потоа на незаконски начин партнер во организацијата, и за потоа речиси 90.000 евра да се дадат за изнајмување опрема, од кои поголем дел на фаворизираната ДВД ПЕТ? Дали преку изнајмувањето на опрема по нереални цени, всушност не се извадени пари од буџетот за да се плати и концертот кој што требаше да биде платен со спонзорства? Дали затоа е избрана МКЦ, а потоа незаконски и спротивно на договорот е баран партнер во организацијата, за да се сокрие патот на парите?“, праша Митева.

Опозицијата оцени дека прослава на плоштад од 300 илјади евра е премногу, ако се има предвид колку Шилегов го оставил запуштен градскиот плоштад, девастирано Скопје, пропаднат плочник во центарот на градот, без ниту еден капитален проект за Скопје.

Share
Scroll to Top