Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил.
Како што најави во предизборната кампања, општината ќе води строга контрола на сите службени возила и нивната употреба ќе биде наменска, рационална и исклучиво во корист на граѓаните.
Воедно, Ѓорѓиевски се откажува и од средствата предвидени за репрезентација на градоначалникот.
Вели дека тие ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта, односно нешта кои навистина им се потребни на жителите.
„Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните“, наведува Ѓорѓиевски.