СДСМ: Арсовска призна дека ја менаџирала спортската сала Расадник

пред 3 години

Во нејзиното гостување на „Само интервју“, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, беше прашана и дали ја менаџирала спортската сала „Расадник“, нагласуваат од градската организација на СДСМ од каде велат и дека таа ја признала нејзината инволвираност.

Во реакцијата на СДСМ интегрално се пренесува содржината на интервјуто.

„Новинар: „…имате ли вие некаква врска, или вашето семејство, со таа сала, ја имавте под концесија, дали вие ја менаџиравте?“

Арсовска: „Јас за таа работа веќе поднесов тужба, затоа што ако можевте да приметите, во тие документи што ги истакнаа јавно, моето име никаде не стоеше освен на…“

Новинар: „Има некоја Империјал фирма што се спомнува…“

Арсовска: „Ете така… Мора да ви кажам, јас во овие 20 години сум била менаџер во многу претпријатија и секаде до моментот додека сум била менаџер тие биле успешни претпријатија…“

Новинар: „Е оваа сала дел од вашето портфолио?“

Арсовска: „Да била пред 20 години, меѓутоа тие сите документи кои што се извадени и лагите кои што се искажани за да се направи целата оваа конструкција, за жал се невистина…

Новинар: Имаше таму дека сте оставиле долг…

Арсовска: Апсолутно е невистина, јас за истото си поднесов веќе тужба официјално и очекувам да си се разјасни…

Новинар: Ама сега не знам колку вие имате удел во тоа, инаку салата се распаѓа, тоа се гледа дека не е добро менаџирано…

Арсовска: Јас удел во тоа немам, ама ќе се докаже во следните денови кој лошо ја менаџира…“, стои во делот и интервјуто кој до јавноста го проследи градската организациија на СДСМ.

СДСМ-Скопје на денешната прес-конференција укажа дека Арсовска од нејзината биографија што ја споделила на својата веб-страница се обидува да скрие повеќе работи:

„Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал““, се наведува во реакцијата.

Share
Scroll to Top