ВМРО-ДПМНЕ со 20 градоначалници во вториот круг, СДСМ и ДУИ со седум

пред 3 години

Според објавените првични податоци од ДИК и партиските штабови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во вториот круг од локалните избори освоија 20 градоначалнички места.

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги има освоено градоначалничките места во: Пехчево, Ново Село, Кочани, Василево, Конче, Радовиш, Македонска Каменица, Кратово, Ранковце, Гевгелија, Лозово, Зелениково, Брвеница, Вевчани, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и во Градот Скопје.

СДСМ во вториот круг од локалните избори ги освои градоначалничките позиции во седум општини: Центар, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Пробиштип, Демир Капија, Росоман и Чашка.

ДУИ во вториот круг победи и ја освои власта во општините: Чаир, Арачиново, Теарце, Боговиње, Кичево, Долнени и Струга.

Политичката партија БЕСА во вториот круг на локалните избори победи во Тетово и Желино, а само два градоначалника освои и коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива – во Гостивар и Врапчиште.

Опозицискиот кандидат Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ победи во Карпош, додека партијата ДПА ја освои власта во општина Студеничани.

Независните кандидати Максим Димитриевски во општина Куманово и Зоран Ногачески во општина Дебарца победија во вториот круг од локалните избори одржани вчера.

Според првичните резултати од ДИК во скопската општина Шуто Оризари води досегашниот градоначалник Курто Дудуш од коалицијата ЛДП/ДОМ пред кандидатот на СДСМ.

Share
Scroll to Top