NASA соопшти дека вселенскиот телескоп Hubble е во режим на мирување откако се појавиле одредени проблеми.
„Научните инструменти на Hubble преминаа во безбеден режим, откако имаа проблеми со синхронизација со интерните комуникации на вселенските летала, објави NASA на Twitter.
Со ова, научните набљудувања се привремено запрени, додека продолжува да се истражува проблемот.
Вселенскиот телескоп Hubble неодамна доживеа низа проблеми. Во јуни годинава, телескопот вреден 4,7 милијарди долари, престана со работа поради проблеми со меморискиот модул.
Главниот компјутер престана да прима сигнал за одржување во живот кој ја воспоставува и одржува врската. Во тој случај, NASA го постави телескопот во режим на мирување и се обиде повторно да го вклучи компјутерот.
Следеа и други обиди, но проблемот и понатаму беше присутен, но на крајот NASA успеа да го идентификува и телескопот остана во нормална функција.
Hubble наскоро би требало да биде заменет со вселенскиот телескоп James Webb.
Извор: B92.net