(Видео) Се урна зграда од 21 кат во Лагос

пред 3 години

Зграда од 21 кат се урна во Лагос, главниот град на Нигерија. Властите стравуваат дека под урнатините има заглавено луѓе.

„Мислев дека е земјотрес, целата зграда се урна“, вели Оли Апата, кој живее недалеку од урнатата зграда.

Апата додаде дека зградата била во изградба веќе две години и дека инвеститорот претходно истиот ден се сретнал со потенцијалните купувачи.

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе кои ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Уривањето згради е релативно вообичаено во Лагос, главниот град на Нигерија, кој има 20 милиони жители.

Во рушењето на две згради во 2019 година загинаа десетици луѓе.

Share
Scroll to Top