Додека нацијата се грижи за кралицата, таа вози Јагуар

пред 3 години

Кралицата Елизабета (95) откако излезе од болница беше видена како го вози својот автомобил марка Јагуар во близина на дворецот Виндѕор. Блиски лица до кралското семејство велат дека кралицата само три дена откако излегла почнала да вози иако лекарите ја советувале да одмора.

Таа го возеше својот зелен Јагуар караван. На неа имаше марама и очила за сонце. Таа возеше на патеката каде обично ги шета своите кучиња.

За потсетување, кралицата пред една недела беше примена во болница поради стандардни лекарски прегледи. Од палатата порачаа дека таа нема да ги извршува своите должности и нема да може да патува во наредните две недели.

Тие додадоа дека лекарите ја советувале дека може да извршува само полесни работи и вообичаените кралски должности.

 

 

Share
Scroll to Top