До ДИК пристигнале седум приговори од ТМРО

пред 3 години

До денеска, 2 ноември, заклучно со 10 часот, до Државната изборна комисија поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, соопшти Комисијата.

Приговорите, како што е напоменато во соопштението, се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Share
Scroll to Top