Значителни промени има во хрватскиот ракомет. Селекторот Лино Червар го напушти кормилото по лошите резултати на СП во Египет, го замени Хрвое Хорват, а еден од играчите кои се долги години во националниот тиме играчот на Кил – Домагој Дувњак.
На претстојното ЕП во Унгарија и Словенија во јануари идната година Хрватите ќе бидат во иста група со Србија, но и со Франција и Украина.
Дувњак во интервју за „Индекс.хр“ ја анализираше играта на Србите по доаѓањето на Тони Џерона на селекторската позиција.
„Тие се во фантастична форма, во квалификациите не ја победија само Франција на домашен терен, туку одиграа нерешено и на гости, што не е мала работа. За селектор добија Шпанец, кој навистина добро ги подреди. Секогаш има потенцијал, но никогаш не ја имаа атмосферата што ја имаме ние“ рече Дувњак.
Тој смета дека мечот во Сегедин Србите ќе играат практично како на домашен терен против Хрватска.
„Многу незгодна репрезентација, сигурно ќе биде тежок меч“ смета популарниот Дуле.
Дувњак потпиша нов договор со „зебрите“, таму ќе биде до летото 2024 година.