Шпагети во сос од мелено месо

Шпагети во сос од мелено месо

пред 3 години

Потребни состојки:

500 гр мелено месо,
1 главица кромид,
1 морков,
1 кг домати,
500 гр шпагети,
100 гр кашкавал,
сол, бибер, масло и зачини по вкус

Начин на подготовка:

Најпрво ставете ги на тава со масло да се пржат кромидот, морковот и доматите (претходно ситно исечкани). По неколку минути, во садот се додава и меленото месо заедно со зачините. Во меѓувреме, во друго тенџере ставете ги да се варат шпагетите во солена вода, а според упатството на кесичката. Кога ќе бидат сварени, исцедете ги шпагетите и сервирајте во чинии. Издинстаниот сос се става врз тестенините во секоја чинија. Одозгора изрендајте кашкавал.

Share
Scroll to Top