Фарке го напушти Норич по првиот триумф во сезоната

Фарке го напушти Норич по првиот триумф во сезоната

пред 3 години

Норич во 11.коло ја забележаа првата победа оваа сезона, во Премиер лигата. „Канаринците“, славеа во Лондон, кај Брентфорд 2:1. Оваа победа е прва за Норич во Премиер лигата по 28.февруари 2020 година.

По првата победа во сезоната, Норич ги шокираше навивачите со објавата дека Даниел Фарке повеќе не е менаџер на тимот.

Фарке го напушти Норич по четири и пол години и 208 натпревари. Два пати со клубот избори пласман во Премиер лигата. Првиот пат Норич заврши на последното место, втриот беа претпоследни.

Во тековната кампања, Норич се наоѓа на делба на последната позиција со Њукасл.

Share
Scroll to Top