Новото ограничено издание на OnePlus е веднаш зад аголот, судејќи според неколку енигматични твитови од таа компанија. Тоа вклучува ретро графика и … овошје. Па, тешко ни е да кажеме што да очекуваме, но според гласините, телефонот ќе биде инспириран од култната аркадна игра Pac-Man.

Во Pac-Man, бонус артиклите обично се нарекуваат „бонус плодови“ што е всушност во согласност со тизер твитовите.

Што се однесува до уредот што би можел да биде претставен, Макс Јамбор, кој има солидна репутација кога станува збор за гласините при претставувањето на OnePlus производи наведува дека тоа ќе биде OnePlus Nord 2.

Телефонот веројатно ќе добие визуелна преобразба, но би можел да донесе и некои промени под хаубата, бидејќи има извештаи за верзија која доаѓа со Snapdragon 778G чипсет наместо Dimensity 1200.

Како и со претходното ограничено издание на OnePlus телефонот, веројатно ќе видиме додатоци на тема Pac-Man и посебна малопродажна кутија.