Соединетите Држави се подготвуваат повторно да ги отворат своите копнени и воздушни граници за странските посетители вакцинирани против Ковид-19 во понеделник, ставајќи крај на 20-месечните ограничувања кои беа особено лошо прифатени во Европа, Мексико и Канада.
Разделените семејства, нарушените деловни односи, оневозможените професионални амбиции, „забраната за патување“ воведена од Доналд Трамп на почетокот на 2020 година, а потоа потврдена од неговиот наследник Џо Бајден, наиде на остри критики и стана симбол на конфузијата предизвикана од пандемијата.
За да се заштити од земјите најпогодени од Ковид-19, Трамп наметна ограничувања за пристигнувања од Кина во февруари 2020 година. Потоа на 13 март, на ред дојдоа европските шенген-земји, а подоцна и Британија и Ирска, додека копнените граници со Мексико и Канада беа затворени поголемиот дел од времето.
Соединетите држави имаат значителна трговија со сите овие земји.
„Беше многу тешко, само сакам да го видам мојот син“, рече Британката Алисон Хенри (63), која во понеделник по 20 месеци ќе отпатува да го посети својот син во Њујорк.
Во многу семејства од двете страни на Атлантикот владее возбуда пред семејните собири. Беше можно да се патува од САД до Европа минатото лето, но странците кои живеат во САД и оние со визи немаа гаранција дека ќе можат да се вратат.
Авиокомпаниите го зголемија бројот на трансатлантските летови и ќе користат поголеми авиони бидејќи укинувањето на ограничувањата носи елан во секторот што пандемијата го фрли на колена.
Дожд границата со Мексико, голем број американски градови од Тексас до Калифорнија претрпеа економски последици поради овие ограничувања и со нетрпение чекаат да се вратат во нормала.