Киднапиран и запален автобус во Ирска

пред 3 години

Четворица напаѓачи киднапирале и запалиле автобус во предградието Белфаст, соопштија властите.

Агенциите наведуваат дека нема извештаи за повредени.

Полицијата информира дека примила дојава за киднапирање во областа „Черк Роуд“ во населбата Њутаун во Белфаст.

„Пријавено е дека четири лица го запреле автобусот и ги избркале патниците, по што го запалиле возилото“, се наведува во соопштението и се посочува дека областа е блокирана за понатамошна истрага.

Од автобуската компанија изјавиле дека возачот и патниците се безбедни.

Минатата недела двајца маскирани и вооружени напаѓачи киднапираа друг автобус и го запалија, а според извештаите на локалните медиуми, нападот е поврзан со тензиите меѓу Велика Британија и ЕУ поради трговските бариери по Брегзит.

Share
Scroll to Top