Казни за 128 возачи, возеле над дозволената брзина на автопатот Куманово – Скопје – Велес

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден била спроведена зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што, како што соопшти МВР, биле санкционирани 128 возила.

Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полиција и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top