Русија веќе соопшти дека дополнителното истражување покажало дека Спутник лајт е 70 отсто ефикасна против делта варијантата на Ковид-19 три месеци по вакцинацијата.
Руската вакцина Спутник лајт која се дава во една доза, има добар безбедносен профил и предизвикува јак имун одговор, особено кај луѓето кои претходно имале „средба“ со Ковид-19, покажале резултатите од испитувањето на првата и втората фаза објавени во медицинското списание „The Lancet“.
Вакцината која се дава во една доза, а во суштина е верзија од вакцината Спутник В која се дава во две дози, претставена беше минатата година и веќе влезе во доцна фаза од истражувањето и нашироко се користи во Русија.
Русија очигледно дека има цел Спутник лајт да стане главната вакцина која ќе се извезува од нивната земја, пренесува „Ројтерс“.
Научниците од Институтот Гамалеја кои ја развиле вакцината, набљудувале 110 волонтери од 18 до 59 години во Санкт Петербург кои биле вакцинирани во јануари 2021 година, односно го набљудувале нивниот имун одговор, како и главните несакани ефекти.
Резултатите анализирале неутрализација на вирусот во однос на оригиналната варијанта на врусот, а истите покажале благ, но статистички значаен намален одговор на антителата за алфа и бета варијантите на Ковид-19.
Спутник лајт би можел да се земе предвид не само како примарна вакцина туку би можел да се корсити и за ефикасна ревакцинација или вакцинација по претходна инфекција на Ковид-19, се наведува во истражувањето.