Четири бебиња загинаа во пожар во болница во Индија

пред 3 години

Најмалку четири бебиња загинаа во пожар што избувна во оддел за неонатална нега во болница во централна Индија, соопштија денеска локалните власти.

Како што се наведува, во болницата имало 40 бебиња, а 36 се спасени.

Отворена е истрага за причините за пожарот во детската клиника во Бопал, соопштија властите. Локалните медиуми јавија дека причина за пожарот најверојатно е краток спој.

Пожарите со жртви не се невообичаени во Индија поради лошото одржување на зградите и недостатокот на противпожарна опрема.