Наместо инвестиции Заевци редеа тендери во РЕК, сега увезуваме 5 пати поскапа струја, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Само во изминативе недела дена, велат од таму, државата увезе струја во висина од 9 милиони евра, истата таа струја доколку се произведуваше во домашните капацитети, проценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се произведеше за скоро 5 пати пониска цена.
„Од домашните капацитети не се произведува затоа што наместо за инвестиции во РЕК, за нова механизација и машини, Заевци преку владата даваа пари за рентање на камиони со струмички таблици и машини од фирми блиски на Вице. И сега кога ЕЛЕМ и МЕПСО од фирми со добивка ги направија загубари, ги оставија и без јаглен електраните, а хидроакумулациите ги испразнија увезуваат скапа струја и скап јаглен“, е наведено во напишаното од партијата на Мицкоски.
„СДСМ нема план како да ја извлече државата од енергетска криза, со нив само тонеме. Затоа СДСМ треба да си замине“, се додава во нивното соопштение.