Два месеци нема ништо конкретно од истрагата за тоа чија е одговорноста за тоа што болница полна со пациенти за три минути се пеплоса, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„По два месеци, Обвинителството сè уште нема утврдено кривична одговорност за избувнување на пожарот на 8 септември кога живи изгореа 14 лица. Истрагата не покажала, цитирам: „Ништо конкретно“ ова се зборовите на ЈО Вилма Русковска, дадена за една национална телевизија. Два месеци нема ништо конкретно за одговорност поврзана со користените материјали за градба на болницата. Ништо конкретно за одговорност поврзана со противпожарните протоколи во болницата. Ништо конкретно за одговорноста за посетите на роднините во објект, внимавајте – Ковид центар.
Ништо конкретно за несоодветна инсталација, за присуство на кислородни боци каде што имало и електрични апарати со висок напон, ништо конкретно за било што коешто води до одговорност кон Венко Филипче, Илир Хасани, Шахпаска, Анѓушев или било кој друг поврзан со градбата на модуларните болници, за било кого од луѓето на режимот на Зоран Заев и СДСМ.
Два месеци ништо конкретно од истрагите на ЈО, истрагата на пет јавни обвинители од Скопје и од Тетово, нема ништо конкретно од истрагата на МВР кое води паралелна истрага, ниту конкретно од било која институција за најтраорната трагедија во современата македонска историја.
14 луѓе на коишто ниту имињата не им ги соопштуваа живи изгореа за неполни три минути. Ништо конкретно по два месеци истрага!
Режимот и по два месеци продолжува да убедува дека „конкретно“ сета вина лежи во продолжен кабел! Ова е повеќе од срамно,ова е најголемата трагедија од најтраорната ноќ во современата македонска историја!
Обвинија кабел, ништо друго конкретно од истрагата. Обвинија кабел за Венко Филипче и Зоран Заев да се спасат.
Нема полошо од режимот на СДСМ; за Македонија нема ништо полошо од Зоран Заев“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.