Русија нема никаква поврзаност со мигрантската криза што во моментов се одвива на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави рускиот претседател, Владимир Путин во интервју за каналот „Вести“ по обвинувањата дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија.
Рускиот претседател негираше каква било одговорност за кризата.
Во истото интервју, Путин рече дека САД и нивните сојузници во НАТО спроведуваат непланирани вежби во Црното Море.
„Не само што имаат прилично силна поморска група, туку и стратешка авијација. Тоа е сериозен предизвик за нас“, рече Путин.