До 17 часот во Дебар излезноста на гласачите изнесува 40, 13 %.

пред 3 години

Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината. На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19211 гласачи.

Од пристигнатите податоци од сите 27 избирачки места, до 17 часот излезноста на гласачите изнесува 40, 13 %.

До 17 часот поднесени се 10 приговора за заштита на личното избирачко право. Истите се прифатени.