Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

пред 3 години

Поради изведување на градежни работи (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан на ден 15.11.2021 во периодот помеѓу 12.00 и 15.00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути, соопштија од АМСМ.

Во последниот извештај од таму се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top