Шест ученици на возраст од 14 до 18 години се префрлени во болница по пукање во близина на средно училиште во градот Аурора во американската држава Колорадо. Шестата жртва на нападот сама се пријавила во здравствениот дом.
Од локалната полиција соопштија дека осомничениот е во бегство.
Шефот на полицијата на Аурора, Ванеса Вилсон, изјави дека сите жртви на пукањето се од училиштето во близина на паркот каде што се случило пукањето.
Една од нив морала да биде подложена на итна операција, но нејзините повреди не се опасни по живот.
Неколку чаури од различен калибар биле пронајдени од страна на инспекторите на местото на настанот и испукани од еден или повеќе автомобили кои возеле со голема брзина.
На прашањето на новинарите за начинот на кој е извршен нападот, Ванеса Вилсон рече дека истрагата штотуку започнала.
„Ќе ги испитаме сите можности“, додаде таа, повикувајќи ги сведоците да соработуваат за да ги пронајдат осомничените.