Божикна реклама на Теско: Преку 1.500 луѓе се пожалија што Дедо Мраз носи ковид-пасош за вакцина

Божикна реклама на Теско: Преку 1.500 луѓе се пожалија што Дедо Мраз носи ковид-пасош за вакцина

пред 3 години

Празничната реклама на најголемиот ланец супермаркети во Британија, „Теско“, каде Дедо Мраз покажува ковид-пасош, предизвика негативни коментари во јавноста. Преку 1.500 луѓе поднеле поплака до регулаторот за рекламирање со барање празничната реклама да престане да се прикажува, бидејќи поттикнува медицинска дискриминација

Рекламата насловена „Овој Божик ништо не нè запира“, ги прикажува луѓето кои се решени да уживаат во празниците со семејството и пријателите без ограничувања. Откако новинар во вонредни вести објавува дека Дедо Мраз може да биде ставен во карантин, Дедо Мраз се појавува на граница и покажува ковид-пасош на граничната контрола со што докажува дека е вакциниран.

Повеќето од жалбите упатени до регулаторот за рекламирање наведуваат дека сцената со ковид-пасошот е принудна и поттикнува медицинска дискриминација. Сцената предизвика контроверзии и на социјалните мрежи, особено кај антиваксерите

Управата за стандарди за рекламирање, која го спроведува рекламниот код на Британија, за „Гардијан“ вели дека ги разгледува жалбите, а потоа ќе реши дали ќе покрене истрага за потенцијално прекршување на правилата.

Рекламата премиерно беше прикажана минатиот викенд за време на специјалното издание на реалното шоу „Селебрити чејс“.

Share
Scroll to Top