(Видео) Арсовски: 1 милијарда причини и над 1 милијарда евра украдени пари, доволни за оставка на Заев

пред 3 години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Зоран Заев, за кој како што рече е премиер во заминување, да имаа срам и одговорност колку што крадат изминативе години и лажат, сега веќе ќе имаше оставки и ќе беа паднати од власт. Оставката на Заев стана исто како и оставката на Венко Филипче. Едниот одговорен што изгореа 14 живи луѓе во модуларната болница во Тетово и починаа над 7.000 од корона, а другиот одговорен за пропаста на Република Македонија, рече Арсовски.

Тој вели дека Ллгата за оставката е измамнички потег, манипулаторски, срамен и потег на очаен криминалец како Зоран Заев, кој што сепак е премиер во заминување и мора да си оди.

„Има над 1 милијарда причини да си оди Заев од политиката и да си даде оставка. Прва од тие 1 милијарда причини е што тој лично е одговорен за украдени над 1 милијарда евра, пари на граѓаните. Нема тендер којшто не е наместен или за тоа да не е задолжен неговиот брат“, вели Арсовски.

„Се киднапираат пратеници во Собрание како да е наједноставна политичка алатка за функционирање. Зоран Заев е киднапиран човек од неговите лични криминални пориви и тоа веќе сите го знаат. Тој е толку киднапиран од неговиот порив за криминал што мора да киднапира други пратеници. Во МВР со државни ресурси, високи лица од МВР, командири, шверцуваат дрога, во случај каде што сите знаете е вмешан и човек кој е близок, односно човек од семејството на Зоран Заев и повторно за тоа никој не сноси одговорнос“, нагласи портпаролот на опозициската партија.

Образованието, додаде тој, никогаш не било полошо од сега.

„Книги се фрлаа во контејнери и се палеа како да сме окупирани од талибанци. Всушност, окупирани сме од мафијашки нарко картел кој го интересира единствено криминалот и никаков напредок за државата, идните генерации и економијата. Заев да има малку, ама барем малку срам, како што го нема, сега ќе имаше дадено оставка од позицијата премиер и ќе сносеше одговорност“, подвлече Арсовски.

Оцени дека ако Заев не сака да даде оставка, граѓаните сами ќе му ја испорачаат.

Share
Scroll to Top