Мицкоски: Владата на премиерот во заминување Заев се препелка во жив песок, и со себе ја влече земјата

пред 3 години

Во моментот имаме влада која има поддршка од пратениците кои ги обезбеди како последица на киднапирање. Пратеник кој ја смени страната мистериозно го снема, за да подоцна се појави, што значи дека политичката криза се продлабочува а владата се препелка во жив песок, во која тоне се подлабоко, и со себе ја влече земјата. Владата на таков „жив песок“ нема да донесе ништо ново и ништо добро на земјата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за српскиот дневен весник „Политика“.

Тој меѓу другото додава дека актуелната влада е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост и притисоци, политички хајки. И тука, вели Мицкоски, треба да е одговорот во прашањето зошто пратеникот Реџепи се премисли.

„Ќе потсетам дека оваа влада е истата која беше вмешана во организирање на рекет каде еден од главните ликови беше токму Катица Јанева која беше на чело на Специјалното обвинителство и луѓе блиски на партијата на премиерот Заев#, рече Мицкоски.

„Што мислите колку би им било тешко да скршат еден пратеник кој на десетина часа пред гласањето од гласен критичар на власта, се исклучува и му се губи трага, за да подоцна се појави со изјава за поддршка на владата? Тој пратеник дента кога се гласаше го немаше во собранието, туку само со изјава на бел ѕид како на сослушување во Боливија. Но тие кои тоа го прават треба да знаат дека нема да можат да ја скршат волјата на народот изразена на неодамнешните локални избори каде власта беше декласирана“, потенцира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е потребна оставка на целата влада, не само за Заев, затоа што единствениот разумен и логичен исход на сето ова, како што рече, се брзите избори.

Share
Scroll to Top