Македонската глумица Симона Живковска се сврши за својот долгогодишен дечко, музичарот Абилио Жоао. Таа објави слики од веридбата на Инстаграм и напиша дека ќе се мажи за својот најдобар пријател. Симона го привлече вниманието на јавноста кога глумеше со Скарлет Јохансон во филмот „Црната вдовица“.
„На почетокот на октомври мојот најдобар пријател ме праша дали ќе омажам за него. Решивме оваа вест да ја држиме под тајност бидејќи сакавме да уживаме во приватноста со блиските пријатели и семејството. Сè што можам да кажам е дека Бог одговори на моите молитви со овој љубезен, трпелив и грижлив човек. Многу сум благословена што имам можност да го споделам остатокот од мојот живот со него“, вели Симона.
Симона е родена во Скопје 1994 година и тука живеела до 2001 година. Таа е по татко Македонка, а по мајка Британка. Во 2001 се преселила во Лондон со мајка си и помладиот брат и тогаш ја почнала актерската кариера.
Кога ја доби улогата во „Црната вдовица“ со Јохансон, Симона на Инстаграм се пофали дека во филмот ќе зборува на македонски јазик.