Автопортрет на расплаканата Фрида Кало продаден за 35 милиони долари

Автопортрет на расплаканата Фрида Кало продаден за 35 милиони долари

пред 3 години

Купувачот Едуардо Косантини, основач на музеј во Аргентина, го купи автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало за рекордни 34,9 милиони долари (25 милиони фунти), преку аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк, пренесуваат странските медиуми. Ова е највисоката цена платена некогаш на аукција за дела од Латинска Америка.

Претходно рекордот го држеше делото на Диего Ривера, сопругот на Фрида Кало, кое беше продадено за 9,76 милиони долари во 2018 година. Парот беше во долгогодишна турбулентна врска.

Сликата „Диего и јас“ беше еден од последните нејзини автопортрети. Таа ја прикажува расплаканата Фрида Кало со сопругот насликан над нејзините очи.

Таа велела дека доживеала две несреќи во животот. Првата била кога ја прегазил трамвај, втората бил Диего.

„Сотби“ го опиша како „едно од најважните дела на Фрида Кало што некогаш биле ставени на аукција“. Претходно таа беше продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.

Фрида Кало, една од најголемите и најпознатите сликари на 20 век, беше позната по своите многу лични автопортрети полни со болка и изолација. Таа секогаш гордо ја промовираше староседелската мексиканска култура преку својата уметност.

Доживеала многу животни трагедии, почнувајќи од детската парализа до здобивањето со тешки повредиво несреќата кои речиси ја направиле целосен инвалид. Сите тие настапи се прикажани во нејзините хронолошки дела.

Share
Scroll to Top