Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Oд МВР информираат дека поради официјалната посета на полскиот претседател денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
„Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и регулативата за променетиот режим на сообраќај“, наведуваат од ресорното министерство,