Премиерлигата потврди американски договор вреден 2 милијарди долари

Премиерлигата потврди американски договор вреден 2 милијарди долари

пред 3 години

Англиската Премиерлига потврди дека потпишале нов шестгодишен договор со мрежата „Ен-би-си“ за ТВ-преноси во САД, во договор кој се проценува дека вреди над 2 милијарди долари.

„Ен-би-си“ плати 1 милијарда долари за Премиерлигата во 2015 година, а овој договор ги руши сите рекорди, откако компанијата успеа да ги победи „Си-би-ес“ и „ЕСПН“ за ТВ-правата и сега ќе даваат 380 меча секоја сезона во живо.

„Пресреќни сме што можеме да го потврдиме својот американски договор со ‘Ен-би-си спортс’, кои беа прекрасни партнери на нашата лига последните девет сезони. Со нив ја зголемивме популарноста на нашата лига во САД“, изјави генералниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс.

Оваа вест е одлична за сите 20 клубови во англиската лига, кои ќе добијат процент од профитот во период во кој уште се опоравуваат од кризата поради празните стадиони за време на пандемијата на КОВИД-19.

Share
Scroll to Top