Дуда: Лично ќе се заложам да се реши прашањето ако Софија повторно каже „не“

пред 3 години

Се надевам дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Но, доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно повторно каже „не“, јас лично ќе истапам и ќе се заложам за изготвување документ за полесно да се справите со прашањето за влез во ЕУ, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, по средбата со претседателот Стево Пендаровски.

„Бугарија е сè уште во изборен процес и сè уште новата влада таму не е формирана. Се надевам дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже ‘не’ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на вашата држава полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес конференција со неговиот домаќин, Стево Пендаровски.

Share
Scroll to Top