Кина го направи најбрзиот воз во светот кој може да достигне брзина од дури 600 километри на час.
За движење користи технологија за магнетна левитација, позната како „маглев“, која се заснова на принципот дека магнетните полови се одбиваат.
Според Ројтерс, магнетите под возот ја користат оваа сила за да лебдат над магнетите на шините, се вели во видеото објавено на Твитер профилот на Светскиот економски форум.
This is the fastest train in the world.
Discover more about this record-breaking machine: https://t.co/qcTUPYXGHs pic.twitter.com/d1FbDqmOWq
— World Economic Forum (@wef) November 9, 2021
Ова го елиминира триењето и овозможува многу поголеми брзини. Друг сет на магнети вградени во шините се користи за туркање и влечење на возот.
Овој нов кинески воз би можел да стигне од Пекинг до Шангај за само два и пол часа, што е речиси двојно побрзо од брз воз. Сепак, прво треба да се изградат шините.
Извор: Sputniknews.com