Почина Мик Рок, легендарниот музички фотограф кој соработуваше со Лејди Гага, Квин и Боуви

Почина Мик Рок, легендарниот музички фотограф кој соработуваше со Лејди Гага, Квин и Боуви

пред 3 години

Легендарниот музички фотограф Мик Рок, автор на култните фотографии на Дејвид Боуви и познат како човек кој ги сними 70-те години од минатиот век, почина на 72 годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Трагичната вест ја потврди и негов претставник кој преку соопштение го опиша како човек кој го работел точно она што го сакал и на свој прекрасен нечуен начин.

Во неколкуте децении долга кариера, Рок стекна слава преку култните албуми на Queen II, истоимената група, ‘Transformer’ Loua Reeda, ‘Raw Power’ The Stoogesa и Madcap Laughs основачот на Pink Floyda, Syda Barreta.

Тој му беше и службен фотограф на Дејвид Боуви и е заслужен за славните фотографии од неговата Ziggy Stardust фаза, како и за спотовите на песните, Space Odyssey, Life on Mars, Jean Genie и John, I’m Only Dancing. Соработувал и со групите Ramones, Sex Pistols, Talking Heads, Roxy Music и Blondie.

Иако е најславен по работата во седумдесетите, Рок работел и со нови автори, како Снуп Дог, Алиша Кис, Лејди Гага, групите Queens of the Stone Age, Daft Punk, Black Keys, MGMT и Chemical Brothers. Засега не е позната причината за неговата смрт.