Заминувањето на Зоран Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Заев дека во вторник ќе си поднесе оставка.
„Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата“, рече Митева.
Според неа, единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.
„Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија“, кажа Митева.
Оттука, додаде портпаролката, Зоран Заев не може да постигне резултати.
„Затоа избрите се решение“, рече Митева.