Актерката Тања Кочовска се пофали дека нејзиниот син Александар ќе се жени со неговата долгогодишна девојка Моника Саздовска.
„Тука ја запознав, тука ја запросив“, напиша Александар за фотографијата која ја сподели и актерката.
Александар е од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски.
„Многу се блиски. Тие не се гледаат секој ден, Александар живее сами со девојката, а Нела живее со нас. Меѓутоа не давам да се оддалечат. Ќе направам сè да се борат еден за друг, да се сакаат и почитуваат. Најпрво меѓусебно и нас да нè почитуваат, а потоа сè околу. Никогаш нема да дозволам да се скараат, особено не за имот“, вели Тања.
Кочовска кажа и дека обајцата одамна не ја викаат мамо, туку само Тања што особено ѝ годи.
Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка