„Не e време за умирање“ e филм со најголема заработка во ерата на пандемијата

„Не e време за умирање“ e филм со најголема заработка во ерата на пандемијата

пред 3 години

Најновиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ стана филм со најголема заработка во ерата на пандемијата. Тој го надмина „Брзи и бесни 9“ на светските киноблагајни, кој до минатиот викенд важеше за филм со најголема заработка откако се отворија кината пред неколку месеци.

Деветтиот дел на „Брз и бесни“ заработи 558 милиони долари во светски рамки, а 25. филм за тајниот агент успеа да заработи преку 700 милиони долари во светските кина.

За потсетување, „Не е време за умирање“ е последниот филм за Бонд во којшто глуми Даниел Крег. Продуцентите во моментов избираат актер кој ќе го замени и ќе ја има главната улога во следното, 26. продолжение на филмот.

Share
Scroll to Top