Црн автомобил Ламборџини Авентадор покриен со 2 милиони кристали Сваровски е тешко оштетен во сообраќајна несреќа во Лондон.
Автомобилот од 500.000 долари, кој развива максимална брзина од 350 km/h, е во сопственост на руската манекенка Дарија Радионова.
Во изјавата за Инсајдер од компанијата што ја застапува Радионова се вели дека „ се уште не им се верува дека се случил ваков ужасен инцидент“. Фотографиите од несреќата го покажуваат смачканиот заден лев дел од автомобилот.
Радионова не била во паркираниот автомобил во моментот на несреќата на почетокот на минатата недела. Автомобилот бил удрен, а виновникот побегнал.
Во пораката на Инстаграм, Радионова понудила награда од 5.000 фунти (6.722 долари) на секој што би можел да ѝ го даде регистарскиот број на синиот автомобил „Vauxhall Zafira“ што учествувал во несреќата.
Според The Evening Standard, несреќата се случила додека автомобилот на Радионова бил паркиран во луксузниот лондонски кварт Кенсингтон.Tаа напишала на Инстаграм: „Се надевам дека кармата ќе те удри во лице пред јас“.
Русинката стана позната по екстравагантното купување во 2019 година.
Радионова, исто така, располага со сребрен Мерцедес C-класа со инкрустирани 1 милион кристали Сваровски во 2014 година.