Веста за автобуската несреќа што се случи ноќеска во Бугарија и во која загинаа најмалку 45 македонски државјани загинаа, а меѓу загинатите и 17 деца утрово ја потресе јавноста. Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник и само 7 лице се спасени и пренесени во болница.
Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Утрово на својот фејсбук профил се огласи и Сузана Турунџиева која исто така беше во Истамбул заедно со Атиџе Муратова, па многумина милеле дека и тие биле во автобуот кој изгоре на автопатот Струма.
“ Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни. Ви блегодариме за грижата. Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови“, вели Турунџиева.
Малку после полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, од четирите кои се враќале од екскуријата запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата.