Дик Адвокат повеќе не е селектор на Ирак. 74-годишниот тренер поднесе оставка по само три месеци работа. Го предводеше Ирак на шест натпревари, не успеа да победи ниту еднаш.
Ирак нема шанси да избори пласман на Светското првенство во Катар. На табелата во А групата, Ирак со четири нерешени и два порази, се наоѓа на претпоследното место. До крајот на квалификациите во Азија останаа уште четири кола.
На местото на Дик Адвокат доаѓа Црногорецот, Жељко Петровиќ.
Ирка во својата историјата само еднаш настапил на светските првенства, во 1986 година во Мексико.