ЕУ ги запира летовите од југот на Африка поради новата варијанта на коронавирус

пред 4 години

Националниот институт за заразни болести во Јужна Африка (NICD) потврди 22 случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирус B.1.1.529 во земјата, a Европската комисија најавува дека ќе го ограничи воздушниот сообраќај од Јужна Африка поради страв од ширење инфекцијата.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен на „Твитер“ објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите-членки, активирање на итни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион поради страв од ширење на коронавирусот, варијантата B.1.1.529.

Научниците од NICD објавија дека се работи за варијанта на Ковид-19 со повеќе мутации за кои веруваат дека се одговорна за големиот пораст на бројот на заразени лица.

„За жал, во Јужна Африка, идентификувавме нова варијанта што предизвикува загриженост“, рече вирологот Тулио де Оливеира на вонредна прес-конференција.

Share
Scroll to Top