Дрога, пари и украдени предмети пронајдени во домовите на тројца криминалци од Дојран

пред 3 години

Во полициска акција во Стар и Нов Дојран, рано утрово лишени од слобода биле Д.Р. (43) и Е.И. (27), двајцата од Стар Дојран и Т.А. (56) од Нов Дојран.

Како што информираат од МВР, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Имено, при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои исто така потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба, на подрачјето на општината.

При претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top