Кандидатот за претседател на Франција ѝ покажа среден прст на жена

Кандидатот за претседател на Франција ѝ покажа среден прст на жена

пред 3 години

Потенцијалниот кандидат за претседател на Франција, Ерик Земур, им покажал среден прст на случајни минувачи и потенцијални глассачи, пишуваат светските медиуми. Познатиот писател и есеист, им го покажал прстот додека се возел во Марсеј.

Тој подоцна се правдаше дека им апелирал на младите луѓе да го не повторуваат неговиот гест, пренесува „Раша тудеј“. Земур за кого се очекува официјално да ја најави кандидатурата за претседател на почетокот на следниот месец, во Марсеј стигна во петокот за време на неговата промотивна турнеја.

Тогаш го пресретна група протестанти која му дофрлаше додека тој ја напуштал железничката стнаица. Во саботата една жена му се доближила до колата, додека била паркирана пред градската куќа и во тие моменти му го покажала средниот прст.

Земур низ прозорот возвратил исто. Тој брзо ја повлекол раката, но, не пред да го сними еден фоторепортер на „АФП“. Како што наведува агенцијата, Земур ѝ рекол на жената дека прстот е дизајниран за да оди многу длабоко.

Неговиот тим подоцна се обидел да ја исправи неговата изјавата и на репортерите им рекле дека жената прво се претставила како негов обожавател, а потоа била многу агресивна. За потстеување, на Земур во моментов му се суди, затоа што за децата мигранти говорел дека се крадци, убијци и силувачи.

Share
Scroll to Top