На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопштија од АМСМ.
Забраната се воведува од 09:40 часот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.