Премиерлигашот Вест Хем сака да се засили во зимскиот преоден рок. Желбата е во Лондон да биде доведен 23-годишниот Бразилец од швајцарски Базел – Артур Кабрал, објавија швајцарските медиуми.
Сепак, англискиот клуб има сериозен конкурент во екипата на Барселона.
Минатата недела од Вест Хем разговарале со застапниците на бразилскиот голгетер, а најновите информации се дека „чеканите“ понудиле 20 милиони евра за Кабрал.
Бразилецот сезонава има 20 настапи во сите натпреварувања, а постигна 22 гола.
Минатата сезона на 36 меча за Базел постигна 20 гола. Договорот со швајцарскиот клуб му истекува во 2023 година.