Вечерва во Шпанија ќе започне ракометниот Мундијал во женска конкуренција. Светското првенство ќе го отвори натпреварот од Х-групата, Шпанија-Аргентина. На Мундијалот во Шпанија прв пат ќе учествуваат 32 репрезентации, титулата ќе ја брани Холандија.
Светското првенство ќе се игра во Гранољес, Кастељон, Лирија и Торевиех. Сите натпревари во нокаут-фазата ќе се играат во Гранољес.
Селекциите на СП се поделени во осум групи, најдобрите три ќе продолжат во наредната фаза, во која ќе вкрстуваат групите А и Б, Ц и Д, Е и Ф и Г и Х.
Четврт-финале ќе изборат првопласираните две екипи од новоформираните групи. Четврт-финалните натпревари ќе се играат на 14 и 15.декември, полу-финалните дуели се закажани за 17.декември, а натпреварот за третото место и финалето на програмата се на 19.декември.
Шпанија ќе се обиде да го симне проклетството на домашните селекции. Од 2005 година и СП во Русија, домаќинот не успеал да го освои златниот медал.
Група А: Ангола, Франција, Црна Гора, Словенија
Група Б: Камерун, Полска, Русија, Србија
Група Ц: Иран, Казахстан, Норвешка, Романија
Група Д: Холандија, Порторико, Шведска, Узбекистан
Група Е: Чешка, Германија, Словачка, Унгарија
Група Ф: Конго, Данска, Јужна Кореја, Тунис
Група Г: Бразил, Хрватска, Јапонија, Парагвај
Група Х: Аргентина, Австрија, Кина, Шпанија.