Првата дама на САД Џил Бајден ја украси Белата куќа за божиќните и новогодишните празници. Во ходниците и просториите на Белата куќа се наоѓаат бројни новогодишни елки, украсени со мотиви за претстојните празници. Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.
Првата дама на својот официјален профил на Твитер објави фотографија од официјалната елка на Белата куќа, која се наоѓа во Сината соба.
Инспирирани од делата на добрина и искуства кои ни го кренаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа ги одразуваат Подароците од срце кои не обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, услуга, заедница, мир и единство – напишала Џил Бајден.
Меѓу украсите е и џиновската Бела куќа од медењаци, која им оддава почит на работниците од првата линија кои истрааја низ пандемијата на коронавирусот, додека официјалната елка висока 5,5 метри ги слави даровите на мирот и единството, соопштила Белата куќа.
Додека семејството Бајден го прославуваше Денот на благодарноста во Масачусетс, повеќе од 100 волонтери го започнале украсувањето на вилата, вклучително и Овалната канцеларија, со 41 новогодишна елка, речиси два метри лента и повеќе од 10.000 украси, пренесува АП.
Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки ги осветлуваат новогодишните елки, венчињата и други празнични украси.
На една од елките се наоѓа необичен и интересен украс. Како што може да се види на фотографиите, елката е украсена со фотографии од претходните „жители“ на Белата куќа, па така покрај фотографиите на Џо и Џил Бајден, на елката се наоѓаат фотографии од Барак и Мишел Обама, Доналд и Меланија Трамп, како и Џеки и Џон Кенеди.