Бразилскиот фудбалер Халк наскоро ќе добие четврто дете. Ова ќе биде негов прв брак со внуката на неговата поранешна сопруга.
Халк стапил во врска со Камила Анџело во 2019 година, само три месеци откако ја напуштил сопругата Ивана Анџело по 12 години брак.
Халк и Камила се венчаа лани и сега чекаат бебе. Бразилскиот фудбалер има три деца со поранешната сопруга, синовите Иван и Тијаго и ќерката Алис. Халк на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со новата сопруга Камила, а девојчето ќе се вика Заја.
Поранешниот репрезентативец на Бразил сега настапува за Атлетико Минеиро.