Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјанаи кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа која се случи во Бугарија. Семејствата кои дојдоа на скопскиот аеродром се во шок и неверување, со солзи додека македонските војници ги пренесуваат посмртните останки во погребалните возила.
Последна почит, оддаваат државниот врв предводен од премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски, домашни и странски делегации, роднини на загинатите. Присутни се и од претставници на Исламската верска заедница, како и Македонската православна црква.
Според протоколот, телата за загинатите со 45 погребални возила ќе бидат пренесени кај семејството, а потоа погребани. Истовремено, последна почит се оддава и на плоштадот „Скендербег“.